Фестивал „Млад отворен театар '92"

„Словенски Орфеј" со струмичкиот театар

Претставата што вечерва ќе биде прикажана е работена по текст на Зоран Стефановиќ а режисер е Горан Тренчовски

Седумнаестиот меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар '92" продожува вечерва во Скопје со настапот на народниот театар „Антон Панов" од Струмица. Во паркот, зад Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот ќе биде изведен најновиот проект на струмичкиот театар „Словенски Орфеј", работен по текст на Зоран Стефановиќ, а во режија на Горан Тренчовски, што премиерно беше изведен во рамките на годинашните „Дојрански ракувања" во прекрасниот амбиент кај централната плажа во Дојран. Сценографијата за оваа провокативна претстава што изобилува со богата визуелност и ефектни режисерски решенија ја подготви Марјан Пецев, костимограф е Благој Мицевски, а автор на музиката Христо Бојаџиев. Носители на главните улоги се: Трајче Ѓеоргиев, Марија Ѓурчева и Владо Јовановски, како гости, а во останатите улоги настапуваат членовите на струмичкиот театар: Кирил Здравевски, Бранко Бенинов, Тинче Ристевска, Валентина Митрова, Весна Таковска и Ленче Василева.

Оваа претстава со изразен постмодернистички манир и обилно користејќи се со фарсичноста како сваќање на развојот на духовните вредности на цивилизациите низ векови на балканските простори, се обидува да го толкува како антиципација на иднината. Оваа и вака замислена претстава веќе ги освои симпатиите на струмичката публика па на матичната сцена билетите редовно однапред се распродадени.

[...]

Г.[оце] Р.[истоски]


Главна странаСловенски Орфеј - позоришна драмаСловенски Орфеј - радио-драма
ХронологијаРецензијеБиблиографија, театрографија...Документи
О Орфеју у миту и уметностиЛинковиПројекат РасткоСрпско позориште и драма