Горан Тренчовски

Орфеј - артист или политичар

(из књиге "Од питач до крал: Режисерски белешки". Скопље, 1995. стране 48-49)

Силната повратна спрега на новокомпонираната војна предизвика духовен контраудар: додека Балканот вриеше во крв, во неговите метрополи - оази на мирот тукушто се оформуваше младо и силно духовно движење кое забрзано ги фати своите корени. Со поставувањето на обредниот случај на Зоран Стефановиќ го продолжуваме од одамна започнатиот заеднички креативен концепт, субверзивен и во естетска и во политичка смисла. Таа „етнографска студија за словенската апокалипса" ја оправдуваат и неодамнешните докази дека Европа ја нема прошверцувано светлината од Азија, туку има создадено свои автохтони цивилизации на Балканот. Овие неколку предуслови создаваат поле за Артоовски спектакл par exellence.

Иако прва асоцијација за името на Орфеј е познатата мелодрамска епизода со Евридика, приказната за Трачкиот крал содржи далеку покомплексни и позначајни елементи одошто одењето во Тартар. Нашата фабула започнува така што Орфеј, како пеач и принц школуван во Египет, се враќа на Балканот по аргонаутската авантура. Се жени со убавата Евридика и се населува меѓу киклопите во Тракија. Еден ден, таа, бегајќи од разбојниците, гине во несреќна околност. Упорниот Орфеј се симнува во Тартар и со музика ја добива назад жена си. Но, заради непретпазливост, повторно ја губи пред целта, и овојпат засекогаш. По тој животен прелом, тој се посветува на основањето на аполонскиот култ. Тоа го доведува до жесток конфликт со љубоморниот Дионис кој ги наговорува Менадите Орфеј жив да го растргнат. Главата на Орфеј која започнува како музикант, а.завршува како лидер е фрленаво вода и, пеејќи патува низ Балканот. Таа почнува со пророштвата кои суетниот Аполон подоцна ги забранува.

Драмата првобитно беше наменета за поставување во природен амбиент кој во себе содржи и некоја водена површина. (Премиерната изведба беше на крајбрежјето од подиспразнетето Дојранско Езеро, зад чијашто „друга страна" блескаа грчките села.) Основната стилска постапка на драматургијата е вклопување на балканските ритуали и нивните етно-антрополошки одлики во приказната за Орфеј. Целта беше да се добие текст кој ќе ја содржи магичната експлозивност на Балканот, но и „автентичноста" на времето на Орфеј - сето тоа прераскажано со кодовите на XX век.

И дали Орфеј навистина бил словенски? По најновите научни откритија веројатно да, бидејќи се појавија научни докази дека Словените од памтивек живееле на Балканот. Така, одлуката приказната за Орфеј да биде изложена низ ритуално-магискиот театар на Јужните Словени не останува само на нивото на уметничка слобода, туку станува став кон вистинитоота на сценскиот чин. И тоа, не вистинитост банално сфатена, туку вистинитост која го „ре-креира" светот од кој потекнуваме како поединци.

Случајот за Орфеј, за неговиот „недостаток на духовна сила" и за неговото заведување на космосот во неуништливата минливост, треба да се толкува како паганска литургија која го буди кај публиката она најисконското. Оти, Орфеј го стори она што и сите ние би го посакале да смееме. Тој ја прекрши забраната и се осмели да погледне во невидливото.

Овој проект беше обид да се скицира новиот балкански културен тренд кој е несомнено космополитски и ерудитен. Во средините во кои демократијата, фашизмот и комунизмот се борат за превласт, ваквиот правец е потполно апартна појава во Источна Европа. Свеж и буен, тој со дионизиска радост го промовира концептот кој на Истокот е заборавен, а на Западот непознат.

Со „Словенскиот Орфеј" сликата на Балканот како стаклена синагога на новиот духовен источноевропски тренд, дефинитивно станува поцелосна.


Главна странаСловенски Орфеј - позоришна драмаСловенски Орфеј - радио-драма
ХронологијаРецензијеБиблиографија, театрографија...Документи
О Орфеју у миту и уметностиЛинковиПројекат РасткоСрпско позориште и драма